Четата на војводата Коне Павле ...

Коне Павле

Коне Павле (Павлов, Павлев) е роден во Прилеп, каде што и го завршил образованието. Во 1878 година заминал во Бугарија и работел како чиновник.

Во 1885 година влегол во четата на Русинот Адам Калмиков, која броела околу 120 четници, повеќето со потекло од Македонија, меѓу кои бил и Питу Гули. Ноќта на 18 спроти 19 мај 1885 година, при обид да ја преминат границата, биле откриени и разбиени од Турците, при што Калмиков бил убиен.

По разбивањето на четата, Коне се вратил во Прилепско, каде што организирал ајдучка чета од 8 четници, во која бил и Мирче Ацев Оровчанец. На Тодоровден, 1886 година, четата влегла во манастирот „Свети Архангел” во Варош, но била откриена од Турците и била разбиена.

Коне Павле и Мирче Ацев (за другите не постојат податоци) биле фатени живи. Подоцна Коне бил отруен во затворот.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc