Коне Самарџиев...

Коне Самарџиев

Константин Георгиев Самарџиев, познат како Коне Самарџиев бил македонски просветен деец, книжар, печатар и издавач во Солун. Учествувал во македонското револуционерно движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Тој бил еден од дејците наегзархиска групација во Македонија и приврзаник на Бугарското тајно револуционерно братство, а по саморастурањето на Братството станал член на Македонската револуционерна организација.

Самарџиев е роден во 1854 година во Прилеп. Учел во тамошното световно училиште и заедно со својот татко се занимавал со самарџиство. Во 1883 година се преселил во Солун и на 1 септември со помош на Насте Стојанов и Димитар Ризов отворил книжарница за печатење на книги за бугарските (егзархиски) училишта и библиотеки во Македонија. Во 1888 година при печатницата на Салваторе Муратори отворил бугарско (словенско) оделение за печатење на учебници за основните училишта и прогимназии. Од 1889 година Самарџиев почнува да го печати и издава литаратурно-етнографски научно списание „Книжици за читање“, во кое се објавуваат трудовите на Димитар Матов, Васил Иванов К’нчов, Марин Дринов и Андреј Тошев.

Секоја година Самарџиев го печати и издава „Македонски календар – Св Кирил и Методиј“, под редакцијата на Димитар Ризов, кој собира статии, истражувања и песни од истакнати бугарски и македонски научници и општественици во Бугарија, како Иван Вазов, Петко Славејков, Марин Дринов, Трајко Китанчев, Константин Мишајков, Андреј Љапчев, Константин Величков и ги праќа за печатење во Солун. „Македонскиот календар“ и „Книжици за читање“ се единствените периодични македонски печататени изданија во Отоманската империја во тоа време.

Во 1892 година Самарџиев и Насте Стојанов се уапсени и испратени на заточение поради печатена и растурање на литература. Во средината на 90 – те години на 19 век, Коне бил во егазрхиската групација во Македонија, а од 1897 година приврзаник на Бугарското тајно револуционерно братство. По растурањето на Братството, бил покрстен од Пере Тошев во Македонска револуционерна организација.

Во 1903 година печатницата на Самарџиев била затворена, а повторно почнала да работи по Младотурската револуција во 1908 година. Самарџиев ги печател списанијата „Културно единство“, „Татковина“ (1909) и „Искра“ (1911 – 1912). Во јуни 1911 година Самарџиев ја подржал иницијативата за основање на легална политичка партија на Бугарите (Македонците-егзархисти) во Отоманската империја, но проектот пропаднал поради избувнувањето на Балканската војна.

Самарџиев починал во Солун, во мај 1912 година.
По неговата смрт семејната печатница во Солун ја наследува неговиот син Јордан.
Неговата печатница за последен пат во 1913 година го издава 29то издание на календарчето Свети Кирил и Методиј.
Истата година неговата печатницата била опожарена за време на Втората балканска војна.
На почетокот од 1914 година Јордан Самарџиев се обидува да ја пренесе книжарницата и печатницата во Бугарија но царската власт во Бугарија имајќи ја предвид неговата прогресивна дејност му поставува огромни, скоро невозможни царински давачки поради што техниката и книжарницата останува во бугарската царина во Дедеагач.
Во 1917 година царот Фердинанд I издава указ со кој се ослободуваат од царинските давачки книжарските и печатарски стоки на Коне Самарджиев, но сето тоа е уништено на 8 октомври 1915 година при бомбардирањето на 12 Англо – Француски воени бродови при што се опожарени касарните, железничката станица и царинските складови во Дедеагач.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc