Киро Ќососки - Ќосот

Киро Ќососки – Ќосот

Киро Ќосески – Ќосот e роден 1919 година во Прилеп. Пораснат е во Старо корзо, каде што татко му работел во Секцијата кај малата железничка станица.

По завршувањето на основното образование, почнал да го изучува шнајдерскиот занает. Паралелно со шнајдерскиот занает, бил активен спортист и играл фудбал во ФК „Железничар“ од Прилеп. Во 1939 влегол во илегалната организација, а во 1941 година станал член на Комунистичката партија. Во неговиот дом била сместена и машината за пишување, на која се отчукувале летоците. На 11 октомври 1941 година учествувал во формирањето на првиот партизански одред на месноста Црвени стени.

Тој заедно со Крсте Црвенкоски, Мице Димески, Коле Чашуле и Киро Базеркоски-Коробов бил во состав на групата задолжена за оштетување на телефонските мрежи во градот за време на нападот на полициската станица. По нападот, бидејќи не бил провален, повторно се вклучил во работата на движењето.

Бил член на МК на КПЈ за Прилеп се до големите апсења кои биле иницирани од предавството од некој дезертиран партизан од Ореовец, кога бил уапсен и Киро, кој бил тепан до кршење на коските. Така претепан, ја провалил партиската ќелија во состав Рампо Левката, Добре Јованоски, Љупчо Аџимитрески, Благоја Аризанкоски, Пенко Здравкоски и Цена Тутеска. По неколку дена измачување, ноќта на 19 септември 1942 година, заедно со уште 16 други прилепчани и дабничани, бил стрелан кај месноста Дабнички Завој.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc