Кире Алексо Гаврилоски (Јане), (1918-1944); илустрирал: академски сликар Иван Велков, 1972/73.

Кире Гаврилоски – Јане

Кире Гаврилоски – Јане е роден во 1918 година во Прилеп.

По завршувањето на четвртата година во Гимназијата во Прилеп, станал трговски помошник и во тој период се вклучил во работничкото движење во Прилеп.

Учествувал активно во демонстрации и протести против тогашниот режим, поради што честопати е прогонуван и апсен. Бил член во одборот на „Црвена помош“ и активно учествувал во прибирање на помош за сиромашните.

Во 1941 година станал член на КПЈ, поради што неколку пати бил апсен од бугарските власти во Прилеп. Во 1942 година се повлекол во илегала и станал член на комунистичкиот комитет во Прилеп. Одржувал врски со одредот „Димитар Влахов“ и учествувал во борби околу селата Дреновци, Горно Село и Дабница.

Во 1943 година станал обласен член на комитетот во Битола. За време на првото ослободување на Кичево, во септември 1943 година, станал секретар на Срескиот комитет во Кичево. Во мај 1944 година во Прилеп остварил средба со Круме Волнароски и со други делегати, со цел да се создаде фронт за ослободување на Македонија. По средбата Гаврилоски и Волнароски останале во куќата, каде што бил состанокот.

Набрзо куќата била опколена од Бугарската полиција и по неколкучасовна борба, од полицијата бил подметнат пожар во куќата. Откако ја потрошил муницијата, Кире Гаврилоски се самоубил, а Круме Волнароски бил заробен и на 9 мај 1944 година, по долгото мачење им подлегнал на повредите.

Кире Гаврилоски-Јане е прогласен за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc