1908: Српски војводи од Македонија за време на Хуриетот

Јован Цветков Долгач

Јован Цветков , познат како Јован Долгач, бил војвода на Српскиот комитет на четничката акција во Западна Македонија.
Долгач е роден во селото Долгаец, Прилепско. Во Српскиот комитет на четничката акција бил придобиен од Глигор Соколов.

Јован Долгач го убил сопствениот брат Змејко Долгач, војвода на Македонската револуционерна организација, бидејќи не сакал да премине на српска страна.
Во 1905 година по долги натегања го убил војводата Максим Костов. Учествувал во Балканските војни, но српските власти го уапсиле, бидејќи се обидел да убие еден Бошњак, кој го сметал за Турчин.

Во текот на Првата светска војна, во есента 1915 година, во родното село какон селски пољак бил заробен од четата на ВМРО од војводата Иван Стојанов и бил ликвидиран заедно со целото жандармериско оделение, а според други извори е нападнат во заседа во околината на Вранче и е убиен само тој.

ФОТОГРАФИИ:

1908: Српски војводи и четници сликани за време на Хуриетот во Скопје.

Седат: Тодор Алгуњски (Куманово), Коста Миловановиќ – Пеќанец (Пеќ), Александар Цене Марков(иќ) (Тетово), Ѓорѓи Ристиќ – Скопјанче (Пеќ), Јован Бабунски (Мартолци), Јован Цветков Долгач (Кошино), Милан Бабов(иќ) (Прилеп)

Втор ред: Војин Танкосиќ (Уб, Колубарска област), Михаило Јосифов(иќ), Глигор Соколов(иќ) (Небрегово), Иса Бољетинац (Косовска Митровица), Турски офицер, Јован Довезенски (Довезанце), Тренко Рујанов(иќ) (Крапа).

Трет ред:
Коста Дренковски (Прилеп), Наце Ресенчанец (Ресен), Непознат, Стеван Недев(иќ) (Битола), Непознат (Прилепско), Бошко Вирчанин (Порече), Јован Мајка (Крушевско)

Четврт ред: Ангелчо Станков(иќ) (Богданци), Дане Стојанов(иќ) (Крапа), Зафир Премчев(иќ)

1908: Српски војводи и четници сликани за време на Хуриетот во Скопје.

Седат од лево кон десно: Михаило Јосифов(иќ) (Македонски Брод), Јован Долгач, (Кошино), Василије Трбиќ, Глигор Соколов(иќ) (Небрегово), Стеван Недев(иќ) Ќела (Стругово) и Јован Бабунски (Мартолци)

Стојат од лево кон десно: Петко Илиев(иќ) (Старо Нагоричане), Бошко Вирјанец (Вир), Дане Стојанов(иќ) (Крапа), Коце Дреновски, Чума и непознат

1 коментар

  • Dolgac January 21, 2017

    Јован Долгач има потекло од прилепско село кошино, од чисто крвна фамилија македонска сите брака биле повисоки од метро и деведесет по што и го добиле името долгачовци
    Сеуште има нивни потомци, Јован Долгач во кичевско им ги сечел главите на турците и крвта од сабјата со уста ја бришел

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc