Логото на БАН

Јордан Иванов Мирчев

Јордан Иванов Мирчев е бугарски новинар, историчар, библиограф и економист, активен член на Бугарската книжевна заедница.

Роден е во 1862 година во Прилеп. Основното образование го завршил во родниот град. Работел како писар во трговската фирма „Браќа Фукарови“. При крајот на 1876 година започнал со работа во нивното претставништво во Солун. Од јануари 1880 година се преселил во Софија, каде што работел како писар во Софиското губернаторство, а подоцна бил чиновник во Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии (1884-1906) и Бугарската народна банка (1906-1907). Од 1894 до 1895 година учел трговско право во Софиския универзитет.

Иванов публикувал мноштво статии, главно по финансиски и економски прашања. Во 1885 година участвувал во првия социјалистички кружок на Димитар Благоев. Во 1891-1892 година го издал основниот труд „Бугарски периодичен печат од појавата до денес (1844-1890)“. Во 1893-1894 година го издавал седмичникот „Југозападна Бугарија“. Во 1894 година бил меѓу организаторите на првия собор на бугарските новинари. Во 1895 година бил член и основач на Бугарскатра економска заедница. Иванов е првиот биограф на Трајко Китанчев. Во 1898 година станува дописен член, а во 1900 година – активен член на Бугарската книжевна заедница, денес Бугарска академија на науките. Во 1902 година излегува неговата книга „Бугарските хартии од вредност“ (на француски јазик). Во 1905 година го публикувал Зборникот за народни умотворби, наука и книжевност, книга ХХІ „Документи за нашата преродба“, во кој има 163 писма од и до видни бугарски преродбеници.

Јордан Иванов Мирчев умрел во 1907 година во Софија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc