Грбот на ВМОРО.

Христо Оклев – Попето

Христо Оклев – Попето е македонски револуционер, прилепски војвода во Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Христо Оклев е роден во Прилеп. Учел во прогимназијата, но не ја завршил. Влегол во редовите на ВМОРО заедно со братот Јордан. Во Софија бил соборец со Ѓорче Петров. Во 1902 година влегува во Македонија и станува четник при Петар Ацев, а од пролетта 1903 година бил самостоен војвода во Полскиот реон на Прилепско, каде што водел неколку битки со османлиските војски. При една засада на турскиот актер бил ранет во раката, бил однесен на лекување во Прилеп, каде што му била отсечена десната рака.

Оклев се вратил на чело на четата, и покрај тоа што раната не му била зарасната. Загинал во битката под врвот Веслец, Прилепско, заедно со четворицата свои четници.

Петар Ацев за Оклев пишува:

„Слаб физички, со полупарализирана лева рака, поради рана од нож, тој ми скрена внимание со цврстата волја, која уште во самиот почеток ја покажа. Тој беше толку многу слаб, така што не можеше да ја подигни ни пушката. А со левата рака речиси и не можеше да ја користи. Сепак, тој никогаш не се жалеше на ништо и со својата упорност потсеќа на силните карактери, а постојано ги следеше нашите совети за тренирањето. По цели денови правеше вежби, па наскоро започна да се опоравува и физички. Христо беше полн со живот, со весел карактер, а при тоа многу добар во другарските односи. Меѓу сите четници, тој беше природно најразвиен. Во неговата приказна секогаш провејуваше еден пријатен хумор… На таков начин, Христо, со убавата своја црна брада, со белата вечна насмевка на своето лице и со проникливиот поглед како на орел, вдахнуваваше не само доверба, туку ги потенцираше и своите скриени способности и дарби…“

1 коментар

Коментирај

© 2011/12 dbmc