Григор Ќуркчиев

Григор Ќуркчиев

Григор Ќуркчиев е роден во Прилеп, во 1865 година.
На 12 години, во 1877 година, доаѓа во Ќустендил каде што се запишува во Ќустендилската гимназија.
Во 1882 година го завршува гимназиското образование по што се запишува во Военото училиште во Софија.

За време на Српско-Бугарската војна во 1885 година е назначен за офицерски кандидат во 7-от пешадиски Преславски полк а истата година е унапреден во подпоручик.
Учесник е во борбите кај Драгоман, Сливница и Пирот за што му е доделен орден „За Храброст” ІІІ степен.

Од 1886 до 1911 година служи во 8-от пешадиски резервен полк, 18-от пешадиски Етерски полк во Трново и 19-от пешадиски Шуменски полк во Разград.

Во 1912 година е назначен за командир на чета во 3-от пешадиски Бдински полк во Видин, со која како потполковник командува за време Првата Балканската војна.
Со својата чета учествува во борбите при Лозенград, Луле Бургас – Турк Беј, Изетин, Кум Бургас и Јалос.
За своите придонеси во борбите му е доделен орден „За храброст” ІV степен.

Во јуни 1913 година е назначен за командир на 65-от пешадиски полк.

Во 1913 година, за време на Втората Балканска војна, потполковник Григор Ќркчиев со својот полк води борби против српската војска, кај Вратарница, Зајечар (24-26 јуни), кај Какавица, Ќустендилско (29 јуни-4 јули), и кај Егри Паланка (18 јули).
За своето учество во Втората балканска војна е награден со орден „Свети Александар” ІV степен.

По демобилизацијата на армијата во август 1913 година е назначен за командир на 24-от пешадиски Церноморски полк во Бургас до септември 1915 година

Во септември 1915 година учествува во формирањето на Кадровата дивизија, подоцна преименувана во 11-та пешадиска Македонска дивизија. Полковник Ќуркчиев е назначен за командир на 2-та пешадиска бригада во 11-та Македонска дивизија, формирана во Пловдив.
Во составот на бригадата влегуваат 3-от пешадиски Македонски полк со 3374 војници со командирот потполковник Атанас Хумбаџиев и 4-от пешадиски Македонски полк со 3880 војници со командирот потполковник Георги Генчев.

Заедно со бригадата полковникот Ќуркчиев учествува во борбите кај селата Виничани, Хозорат, Кошачица, Горно и Долно Чичево, железничката станица Градско и Росоман.

Во борбите кај селото Долно Чичево полковникот Григор Ќуркчиев е ранет од артилерски шрапнел во ногата.
По санирањето на повредата сеуште учествува во воените дејства што е причина поради инфекција на раната да му биде ампутирана ногата над коленото.
По напуштањето на болницата одбива да служи во позадина и со дрвена нога повторно ја презема командата на својата бригада се до крајот на војната во 1918 година која ја дочекува со чин генерал.

Хроничарите забележале: „Неговите војници толку многу го сакаа, што му направија специјален стол – носилка за саканиот командир, со кој го носеа по карпите и врвовите по Беласица.”

За учеството во Првата светска војна е одликуван со повеќе бугарски и странски воени признанија.

Во 1918 година по демобилизацијата на армијата, е назначен во министерството за одбрана на должност одговорен за набавки а од 1919 година е назначен за претседател на Главната ликвидациона комисија.

По 40 години поминати на служба во армијата, во 1922 година се пензионира.
Бил претседател а подоцна и почесен претседател на Конгресот на македонските братства и на Конгресот на воените инвалиди.

На 16 април 1925 година загинал за време на терористичиот напад во црквата „Света Недела“ во Софија, организиран од БКП (Бугарската комунистичка партија), при што загинале 213, а ранети биле 500 луѓе, воглавно високи офицери, политичари и нивни блиски.

1 коментар

  • grozmaistor October 28, 2015

    Взема участие в Сръбско-българската (1885 г.), в Балканската и Междусъюзническата войни (1913 г.). През Първата световна война като командир на 2-ра бригада от 11-а пехотна Македонска дивизия на 1 ноември 1915 г. е ранен в боя при Долно Чичено и кракът му е ампутиран. След оздравяването си се връща в частта си и я командва до края на войната. Кавалер на ордена „За храброст”.

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc