Глигор Караџоски...

Глигор Караџоски

Глигор Караџоски (1931-2010)

Глигор Караџоски по професија бил аптекарски работник. Во 1950 година полагал приемен испит на Факултетот за физичка култура во Белград, но бидејќи не знаел да плива, побегнал од испитот. Хонорарно почнал да се занимава со спортско новинарство. Неговите први новинарски спортски натписи се објавени во скопски „Спортист“ уште во 1951 година.

Автор е на повеќе стотици спортски новинарски текстови. Извесен период бил и генерален секретар на ФК „Победа“. Од тој период интересен е и еден куриозитет. На 12 септември 1973 година ФК „Победа“ требало да гостува во Титоград на натпревар со ФК „Будуќност“. Требало да се патува со авион преку Белград. Меѓутоа, ден-два пред да се тргне, за време на семејниот ручек, Караџоски почувствувал голем немир во душата и интуицијата му говорела дека со тој авионски лет ќе се случи нешто лошо. Со трчање пошол во туристичкото биро да го откаже летот. Раководителот на бирото бил и клупски благајник на ФК „Победа“, па го откажал летот и обезбедил автобуски превоз. На 11 септември, во 10 часот, токму тој планиран авион се урнал во месноста „Бабин Зуб“, при што загинале сите патници. Благодарение на лошото претчувство на Караџоски, ФК „Победа“ ја избегнала тешката несреќа.

Караџоски во 1963 година бил избран и за прв претседател на Општинскиот совет за физичка култура.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc