Годините на Втората светска војна: Ѓорѓи Мијаков (Катиљ Ѓорѓи)

Ѓорѓи Мијакоски

Ѓорѓи Мијаков или попознат како Катиљ Ѓорѓи, Ѓорѓи Мијак роден е во Мариовското село Брник во 1875 година.
За време на османлиското владеење бил познат ајдук во мариовско.
За него е напишана песната „Болен лежи Катил Ѓорѓи“, која на времето ја испеал Александар Сарев.

Грчките андарти, по кодошлак на нивните јатаци од семејството Кормаци од Мариово, му ги убиле сите браќа, освен најмалиот, кој бил испратен како подарок на сестрата на грчкиот капетан, која била бездетна. Другите браќа биле заклани и закопани во дворот на некоја црква во Беломорска Македонија.

За време на Првата светска војна, Бугарите во Мариово, покрај своите полициски и воени сили, врбувале и некои комити и ајдуци со свои групи, на кои како селски милиции им давале неограничена власт над селата. Во тоа време Ѓорѓи Мијак бил поставен за селски кмет во Брник.
Ѓорѓи користејќи ја новостекнатата власт што му била дадена, во знак на одмазда за семејната трагедија, жестоко им се одмаздил на поранешните грчки јатаци низ Мариово.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc