Ѓоре Ѓорески - Делчо

Ѓоре Ѓорески – Делчо

Ѓоре Ѓорески – Делчо (1926-1978) e најмладиот учесник во октомвриското востание.

Заради партизански активности, од прилепскиот бугарски воен суд бил осуден на три години затвор, кои ги одлежува во затворот во Варна. Во војната бил младински раководител на 5-тата прилепска бригада, а потоа на 49-та дивизија.

По ослободувањето бил раководител на студентската младина во Скопје.

По тешко боледување, умира во Прилеп во 1978 година.

Блаже Конески му напишал и песна:

„Мртов е Ѓоре.
Се исполни година.
Јаболкницата во пустиот му двор
Си шепоти:
Уште два-три прекусила да додржам
да не цутам
од жал за него
после ќе ме наваса пролетта“

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc