Грбот на ВМОРО.

Ѓорче Браилов – Перничарот

Ѓорче Браилов – Перничарот е македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Ѓорче Браилов-Перничарот е роден во Прилеп. Се присоединил кон ВМОРО и во 1901 година бил избран за член на околискиот комитет во Прилеп како комисионер и врска меѓу Прилеп, Велес и Штип. За време на Илинденското востание од 1903 година, Ѓорче Браилов-Перничарот и Милан Биолчев биле во легалното раководно тело на комитетот, но потоа биле прогонети за парични злоупотреби.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc