Георги Василев Мончев (десно) со Тодор Александров.

Георги Василев Мончев

Георги Василев Мончев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Мончев е роден 1883 година во Прилеп, тогаш во Отоманската империја. Неговиот татко и брат се македонските револуционери Васил Мончев и Борис Мончев. Како дете со семејството се преселиле во Солун. Во 1902 година завршил Гимназија во Солун, каде што станал член на Организацијата.

Во текот на Илинденското востание земал учество во многу борби со османлиската војска како четник на Даме Груев. По востанието бил член на Солунскиот окружен револуционерен комитет. Од 1906 до 1908 година бил четник на Александар Китанов и Гоце Меѓуречки. Учествувал како делегат на Ќустендилскиот конгрес. По Младотурската револуција, во 1908 година станал активист на Сојузот на бугарските конституциони клубови. Во 1912 година бил уапсен и осуден на прогонство.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Мончев предводел партизанска чета № 27 од 10 лица четници на Македонско-одринското ополчение, која дејствувала во Кукушко и Солунско. Потоа служел во Втората чета на петнаесетата Штипска дружина, а во Втората балканска војна – во зборната партизанска чета на МОО. Повреден бил на 26 јуни 1913 година и по неуспешниот обид да се самоубие, во бесознание се нашол во грчко заробеништво. Починал од повредите во Солун.

Добитник е на орден “За храброст” IV.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc