Георги Кондов

Георги Кондов

Георги Кондов е роден во Прилеп во 1888 година.

Тој е брат на војводата од Врховниот комитет Константин Кондов. По ослободувањето на Кнежеството Бугарија, семејството му се преселило во Софија.

Основно образование и Гимназија завршил во Софија и Габрово. Школувањето го продолжил во Лозана, каде што завршил правни науки, по што работел како адвокат. Како близок пријател со Тодор Александров, во 1919 година учествувал во возобнувањето на ВМРО. Иако пробугарски ориентиран, активно учествувал во работата на македонските братства во Бугарија.

Извесен период бил претседател на Националниот комитет на Сојузот на македонските братства. На 12 февруари 1933 година го отворил големиот македонски собор во Горна Ѓумаја и од името на Националниот комитет, Илинденската организација, Сојузот на македонските студентски друштва, Македонскиот научен институт и Македонската парламентарна група го потврдувал единството на македонските емигранти во Бугарија, сплотени заедно околу идеата за слободна и независна Македонија.

Во текот на 1928 година заедно со Иван Хаџов, Данаил Крапчев и Петар Мрмев бил во редакцијата на весникот „Македонија“.

Починал во 1935 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc