Георгиески Сотир - Сотката, Бакаларов

Сотир Георгиески – Сотката, Бакаланов

Сотир Петров Георгиески – Сотката , Бакаларов е роден на 20 мај 1921 година во Прилеп.

По професија бил шивач и се вклучил во КПЈ уште пред војната, а се истакнал и како активист во обединетите работнички синдикати. Бил учесник во големите Илинденски демонстрации во 1940 година, поради што бил притворен на 15 денови. За време на окупацијата учествувал во формирањето на СД „Гоце Делчев“. Како партиски активист извршувал низа партиски задачи во Ропотово и околните села, формирајќи нови воени и партиски комитети.

Во февруари 1942 година по одлуга на МК и МВШ Драган Дамевски организира испраќање на Сотир Георгиески на партиска работа во Ропотово и околината, а на Блаже Спиркоски во Зрновци.
Сотир илегално престојувал во Ропотово до мај 1942 година по што заминува во редовите на партизанскиот одред „Димитар Влахов“.
Во 1942 година се приклучил во партизански одред „Димитар Влахов“, каде што бил распореден во втората чета. Во судир со непријателските единици во реонот на Беловодица тешко бил ранет, при што неговите борци решавале во придружба на двајца соборци да биде префрлен во Прилеп на лекување.

При полициска акција на бугарската полиција бил уапсен и заедно со првоборците Благоја Христов Ангелоски–Чесното и Благоја Јосифов Николоски–Ивањушка, од битолскиот воен суд бил осуден на смрт со бесење.

Смртната пресудата со бесење над тројцата борци била извршена на 14 март 1944 година во битолскиот затвор „Црн Мост“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc