Даница Јорданова Оровчанец

Даница Јорданова Оровчанец

Даница Јорданова Оровчанец е родена на 16 февруари 1923 година во Прилеп.

Како млада девојка се вклучила во револуционерната организација. Во 1938 година се судрила со режимот на Кралска Југославија за време на штрајкот на монополските работници. Во 1940 година била уапсена и одлежала 15 дена во притвор поради учество во Илинденските демонстрации.

За време на октомвриското востание таа била во резерва, одговорна за помош на повредените партизани. По претходни сознанија на бугарската полиција, Даница била уапсена и однесена во битолскиот затвор, каде што била крвнички тепана, но и покрај тоа непријателот не извлекол информации од неа. На судскиот процес, пооради немање доволно докази, Даница била ослободена.

По војната, живеела во Прилеп, Битола и Скопје.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc