Дамјан Поп Иванов

Дамјан Поп Иванов

Дамјан Поп Иванов, попознат како Даме Попов, роден е во 1874 година во Долнени.

По влегувањето во ВМОРО, во мај 1901 година, станал четник во четата на Марко Лазаров. Есента истата година, кога војводата Лазаров се разболел и заминал во Бугарија на лекување, Даме Попов го заменил и станал прилепски војвода. Подоцна бил замент од ајдукот дедо Андреј Петров, се до пристигањето на Никола Русински во Прилепско истата година.

Од 1902 година, па се до Младотурската революција во 1908 година, бил четник во четата на Ѓорѓи Скрижовски. Во 1911 година станал четник во четата на Милан Ѓурулков, со која во 1912 година се приклучил во Македонско-одринското ополчение и учествувал во Балканските војни.

По завршувањето на Балканските војни, со чета на ВМРО, се уфрлил на територијата на Вардарска Македонија, каде што се судрил со српските потери во месноста Црвена Стена.

За време на Првата светска војна Попов се вклучува во редовите на Единаесеттата пешадиска македонска дивизија каде што е назначен за командир на Прилепскиот партизански вод при партизанскиот одред на единаесеттата пешадиска македонска дивизија.
Прилепскиот партизански вод се состои од 26 лица од кои 16 се од Прилепско, 2 од Велешко, 5 од Воденско и 2 од Тиквешко.
По завршувањето на Првата светска војна, Даме Попов емигрира во Бугарија каде што учествува во работата на организацијата „Илинденската организација“.
За време на Втората светска војна Даме со семејството се враќа во Прилеп, каде и што умира во 1948 година.

По војната Даме Попов емигрирал во Бугарија, каде што учествувал во работата на „Илинденската организација“.

За време на Втората светска војна, Даме со семејството се вратил во Прилеп, каде што умрел во 1948 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc