Вториот конгрес на СБКК во Солун во 1909 година, кој бил отворен од Дамјан Кондов.

Дамјан Кондов

Дамјан Кондов е македонски банкар и општественик од Македонија.

Дамјан (Даме) Кондов е роден во Прилеп, во семејство на родољубиви Македонци. Тој е брат на Григор Кондов и Јосиф Кондов. Дамјан Кондов по професија бил банкар во Солун. Активно ја помагал книжарската дејност на Коне Самарџиев. По Солунските атентати во 1903 година бил уапсен.

По Младотурската револуција во 1908 година, станал член на Сојузот на бугарските конституциски клубови. На 21 август 1909 година, Кондов го отворил Вториот конгрес на организацијата како најстар делегат.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc