Иван Велков: Борко Темелкоски - Лилјак, 1972/73 година

Борко Темелковски – Лиљак

Борко Јован Темелковски – Лиљак е роден на 20 декември 1919 година во Прилеп.

Основно образование и занаетчиско вечерно училиште завршил во Прилеп. Три години го учел ковачкиот занает, а потоа столарскиот. Во текот на 1934 година се приклучил кон револуционерното младинско движење, кога и станал активист на КУД „Абрашевиќ“.

Како активен член на Обиденетите работнички синдикати, во 1938 година станал секретар на подружницата на дрводелските работници и член на меѓуструковиот одбор. Во 1939 година станал член на Комунистичката партија на Југославија. 1940 година ја поминал во војска, а по окупацијата во 1941 бил одведен во Германско заробеништво.

Во септември 1941 година се вратил во Прилеп, каде што се приклучил кон месниот комитет на КПЈ и активно работел во припремите за востание. Бидејќи сеуште не им бил познат на бугарските власти, непречено се движел и организирал атентати на шпиуни и соработници на окупаторот. Во новември 1941 година станал секретар на Месниот комитет на КПЈ Прилеп, се до крајот на јули 1942 година. Во тој период, поради неговата зачестена работа навечер, го добил прекарот „Лиљак“.

Во август 1942 година, како член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, заминал за Скопје, а од пролетта 1943 година станал секретар на Третиот обласен комитет и Оперативна зона. Таму, во својство на член на Главниот штаб за Македонија и Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, организирал партизански единици. Во средината на 1943 година окупаторскиот суд во отсуство го осудил на смрт.

Во јули 1944 година, како делегат учествувал во работата на АСНОМ. Истиот месец се вратил на територијата на Втората оперативна зона, каде што ја формирал Четврттата македонска бригада, а потоа првата дивизија и првиот корпус во Македонија. Во септември 1944 година, бил поставен за комесар на Главниот штаб за Македонија, се до мај 1945 година.

Функции по ослободувањето:
- претседател на Народната младина на Македонија;
- секретар Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија;
- претседател на Комисијата за државна контрола;
- претседател на Економскиот совет и потпретседател на владата на НР Македонија;
- претседател на Републичкиот совет на синдикати;
- претседател на Комисијата за друштвен надзор на Сојузното собрание;
- члан на Извршниот комитет на ЦК КПМ;
- члан на Централниот комитет на СКЈ;
- член на Главниот одбор на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија и Сојузниот одбор на ССРН Југославија;
- член на Советот на федерацијата;
- претседател на Сојузот на синдикати на Македонија;
- претседател на СУБНОР Македонија;
- пратеник во сојузното и републичкото собрание;
- полковник на ЈНА во резерва.

Умре на 21 ноември 2001 година во Скопје.

Носител е на Партизанска споменица 1941, Орден на народното ослободување, Полски Партизански крст и Орден на Бугарски ред „Александар Невски“.

Со орден на народен херој е одликуван на 9 Октомври 1953 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc