Борис Василев Мончев (Трет ред, крајно десно) сликан со видни дејци на ВМРО и ВМОК...

Борис Василев Мончев

Борис Василев Мончев (Борил) е роден на 15 август 1881 година во Прилеп.

Тој бил син на Прилепчанецот Васил Мончев и брат на Георги Мончев. Во 1902 година ја завршил Солунската машка гимназија „Свети Кирил и Методиј“, а во 1911 година – правни науки во Женева. Во периодот меѓу 1903-1905 година работел како учител во Солунската гимназија и истовремено бил член на Централниот комитет, кој се самораспуштил на 13 април 1904 година.

Во 1905 година на Солунскиот окружен конгрес бил избран за делегат на Рилскиот конгрес на Организацијата. Мончев земал активно учество во создавањето на Сојузот на бугарски уставни клубови по Хуриетот.

Учествувал во уредувањето на списанието „Искра“.

За време на Првата светска војна служел во 39 родопски пешадиски полк. Борис Мончев е пратеник во XIX (1920-1923) и XXIV (1938-1939) бугарско народно собрание.

Починал на 4 октомври 1942 година во Софија.

На фотографијата:

Горе: Стефан Чавдаров, Добри Даскалов, Мише Анчев, Иван Караџов, Димитар Запрјанов, Михаил Дорев, Борис Мончев.

Средина: Петар Ацев, Петар Кушев, Христо Матов, Тодор Лазаров, Тодор Александров.

Долу: Стојан Мишев, Григор Илиев, Петко Пенчев, Христо Саракинов и Георги Занков.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc