Благоја Талески

Благоја Талески

Благоја Талески е роден на 17 јануари 1924 година во Прилеп. Тој е еден од поистакнатите партиски и воени раководители на Република Македонија. Произлегува од многудетно занаетчиско семејство.

Уште на 16 годишна возраст како член на Комунистичката партија на Југославија учествувал во Илинденските демонстрации во 1940 година, поради што бил апсен и затворан во велешкиот и скопскиот затвор и во затворот на Ада Циганлија.
Како партиски активист учествувал во подготовките за вооруженото востание поради што во октомври 1941 година е уапсен и интерниран во Бугарија.
По враќањето од затвор, Талески станува член на париската челија во Прилеп и на МК на СКОЈ (Сојуз на комунистичката младина на Југославија).
Бил секретар на месниот комитет на КПМ во Прилеп, политички комесар на војниот штаб и секретар на обласниот комитет на КПМ во Битола.
Во периодот од 1944 до 4 септември 1946 година, Благоја Талески бил член на АСНОМ.
Учествувал во формирањето на оперативната зона на партизанските одреди „Даме Груев“ и „Гоце Делчев“.
Како партиски и воен раководител дејствувал во мобилизирањето на народот во Преспа, Прилеп, Крушево и Битола.

Со своето високо образование се вбројува меѓу активните општествено-политички работници и раководи со повеќе функции во СР Македонија и во СФР Југославија.
По ослободувањето завршува тримесечен курс на Високата партиска школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград.
Бил член и инструктор на Централниот комитет и на Извршниот комитет на ЦК од КПМ (1959-1965), член на ЦК на КПЈ, политички секратар на Срескиот и Окружниот комитет на КПМ во Прилеп, претседател на Срескиот здружен сојуз, секретар на Околискиот комитет на СКМ – Прилеп, началник на Кадровското оделение на ЦК на КПМ, секретар на Главниот одбор на ССРНМ (Социјалистички сојуз на работниот народ на Македонија), секретар на Обласниот народен одбор во Битола, секретар на Градски комитет на КПМ во Скопје.
За член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија е избран 1944 година. На Првиот, Вториот, Третиот и Четвртиот конгрес биран е за член на Централног комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, на Петтиот конгрес за член на постојаниот дел на Конференцијата на СКМ, а на Седмиот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија (СКЈ) за член на Централниот комитет на СКЈ.

Од 1963 до 1966 година е претседател на Контролната комисија во Владата на Народна Република Македонија и претседател на Републичкиот совет на ССМ (Сојузот на синдикатите на Македонија).
Бил пратеник на Првото и Второто свикување на уставотворните собранија на Македонија од 4 септември 1946 до 3 декември 1950 година, пратеник на Второто, Третото и Четвртото свикување на Сојузното собрание (Сојузен собор) од 26 март 1950 до 8 јуни 1963 година и пратеник во Стопанскиот собор на Сојузното собрание (3 јуни 1963 – април 1965).

Во Собранието на Социјалистичка Република Македонија бил пратеник во стопанскиот собор на Собранието на СРМ од 9 април 1967 до 9 април 1969 година и пратеник на Стопанскиот собор на Собранието на СФРЈ (април 1969 – април 1974).
Покрај другото, бил претседател на Околискиот задружен сојуз на Битола и генерален директор на Здруженото претпријатие „Југотутун“ во Скопје. Функцијата претседател на Собранието на Република Македонија Благоја Талески ја извршувал во два мандата од по четири години, односно од мај 1974 до мај 1982 година.
Бил член на претседателството на ЦК КПМ (1966-1968) и член и претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија (29 април 1983 – 29 април 1984)

Носител е на Партизанска споменица 1941, Орден „Јунак на социјалистичкиот труд“ и на повеќе државни одликувања и признанија.

Починал 26 март 2001 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc