Атанас Мурџев...

Атанас Мурџев

Атанас (Тано) Перев Мурџев или Мурџов, со прекар Планински, е роден на 31 јануари 1872 година во Прилеп.

Основното образование го завршил во родниот град, а гимназиското во Солунската машка гимназија „Свети Кирил и Методиј“, каде што се спријателува со Даме Груев. Мурџев е еден од првите членови на Организацијата во 1894 година, како агитатор и организатор, а потоа станал четник.

Гевгелискиот раководител на Организацијата, Илија Докторов за него напишал:

„Во тие два анoви-хотели, кои беа еден до друг, постојано се навртуваа Васил Панчев, поп Стам Танчев, Атанас Мурџев и Григор Иванов Тотев. Тие четворицата беа најдоверливите помошници на Даме Груев. Со нив се регулираа тајните состаноци на Даме Груев со лица кои доаѓаат од провинцијата по организациски работи; на нив им се доделуваа работи од сериозен карактер, тие беа во постојан конкакт со сите терористи и преку нив се праќаше и примаше тајната пошта од провинцијата.“

Во 1897 година учествувал во организирање на бомболеарницата на Организацијата во селото Сабљар. Во 1898 година бил предаден и затворен во затворот во Прилеп, но набрзо успеал да избега во Бугарија. Подоцна Мурџев преминал на страната на Македонскиот комитет и навлегол во Македонија со четата на Кочо Мустракот.

На 2 септември 1903 година на Руен планина, Атанас Мурџев го осветил знамето на Разградското македонско-одринско друштво, по што влегол во Македонија и учествувал во Илинденското востание.

На почетокот на востанието четите на Атанас Мурџев, Тома Пожарлиев, Григор Манасиев, поручникот Иван Топчев и Никола Дечев со 152 лица се нашле во Кратовско. Таму се бореле на 25 септември над Луково, борбата траела 15 часа и паднале 8 души, меѓу кои и војводите Григор Манасиев, Иван Топчев и Никола Дечев.

Потоа Мурџев се повлекол во Бугарија, каде што станал војвода на новоорганизирана чета од 400-500 луѓе, заедно со Сотир Атанасов, Никола Пушкаров и Ганчев. Во неговата чета бил и Григор Соколов-Љаме, кој подоцна преминал страната на Српското четничко движење во Македонија. Четата водела борби со турскиот аскер кај Крива Паланка и Долна Љуба.

По задушување на востанието, војводата Мурџев го чувал востаничката знаме во својот дом, а во 1943 година го предал на Главниот воен музеј во Софија.

При избувнување на Балканската војна во 1912 година бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел во четите на Јане Сандански и Дончо Златков и во Нестроевата чета при 13-та Кукушка дружина.

Во мај 1913 година бил избран за член на револуционерниот штаб на Тиквешкото востание. По Втората балканска војна се населил во Бугарија. За време на Првата светска војна раководел со чета под команда на бугарската армија, чија цел било уништување на србоманските чети и на остатоците од српската војска на територијата на Македонија.

Починал во Тетевен (Бугарија) на 21 април 1944 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc