228172_148821731853977_100001784547553_293042_1310985_n

Атанас Илиески

Атанас Илиески е најактивниот претседател на Месниот комитет на Комунистичката партија, формиран во 1919 година во Прилеп.

Како дипломиран правник вработен во Дебар, во 1920 година Атанас Илиески доаѓа во Прилеп, со цел да развие побогата општествено-политичка активност. Организирал митинг во Тризла, каде што смело изјавил дека на капитализмот му се изброени последните дни.

Учествувал на Вуковарскиот конгрес во 1920 година, каде што ги осудил опортунистите и гласал за новата револуционерна програма, која претставувала гаранција за револуционерното извршување на претстојните класно-социјални задачи.

По негова иницијатива, во 1920 година била основана синдикална подружница на кожарско-чевларските работници од Прилеп.

На партиските избори во 1920 година, Атанас Илиески бил избран за пратеник од листата на КПЈ.

По долго и тешко боледување, Атанас Илиески починал во 1924 година.

ЕДНО ПРИЈАТЕЛСКО УБЕДУВАЊЕ

„Еден ден во дуќанот на Ѓорче Плаше беше се собрале поимотните граѓани, па почнале да разговараат со адвокатот Атанас Илиески за демонстрациите, организациите, конференциите… Меѓу останатите, Милан Младен и Ацо Јане го прашале Атанаса:

- Зошто ви е сето ова? Зошто се бориш ти? Ти имаш се што ти треба, еве, твоите се на власт!

- Не е тоа што го сакам јас, одговорил Атанас. Јас за себе не барам ништо. Јас и ти убаво живееме. Но, сите ли живеат убаво?
И почнал:

- Дури бевме под Турците, вие сте се бореле за слобода, сте викале: Ова не чини, ги сакаме Бугарите. Е, дошле и тие. Што се изменило? Во Општината истите луѓе влегле. После сте викале: Не чини ова, ова не го сакаме, ги сакаме Србите. Потоа дошле и Србите и што се изменило? Се изменило ли нешто? Кој биле во Општината? Оние што биле и во турско, истите биле и во бугарското, истите останале и кај Србите…“

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc