Постхумно доделување на признание за Александар Лепавцов. Признанието го прима неговиот син Андреј Лепавцов, амбасадор во мисијата на ЕУ.

Александар Лепавцов

Александар Лепавцов е роден во Прилеп во 1935 година. Средното образование го завршил во Софија, студирал на Градежните факултети во Скопје и Љубљана, дипломирал во Скопје во 1962 година, каде и магистрирал како прв градежен инженер на Економскиот факултет. Докторирал на Градежниот факултет во Ниш, специјализирал од областа на инфраструктурата во Минхен, бил научен советник во Заводот за водостопанство – Скопје. Лепавцов е автор на преку 100 објавени студии, научни и стручни статии во истакнати списанија од областа на градежништвото, транспортот, екологијата.

Александар Методиев Лепавцов е прв доктор на науки од областа на патиштата на Македонија и прв доктор на науки од областа на одржувањето на прани мрежи во СФРЈ. Бил меѓу пионерите на бетонската префабрикација во Македонија и СФРЈ, за кое сведочи и книгата „Инженерски статии IV“. Добитник е на бројни признанија како заслужен и почесен член на Сојузи на инженерски асоцијации во бившата СФРЈ и СРМ. Бил претседател на бројни комисии на државно ниво (СФРЈ и СРМ). Како оперативец и проектант реализатор е на големи објекти од областа на инфраструктурата, супструктурата, градежништвото, урбанизмот, сообраќајот и екологијата во првата влада на Република Македонија, на бројни меѓународни протоколи, и тоа во 1991/92 година, со уставното име на Република Македонија.

Во кариерата бил проектант, главен инженер, технички директор и директор. Учесник е на бројни светски и регионални меѓународни конгреси и советувања, со и без свои трудови. Со одобрение на Управниот одбор на Фондот за води на РМ, учествува во издавањето на бројни книги од областа на инженерската градежна техника од признати македонски експерти. Во текот на својот плоден работен век заговара и поставува инструкции за начелата за водење на политиката за водење на водните ресурси, транспортнта политика на РМ, усовршување на политиката на стамбената изградба и политиката во областа на екологијата.

Александар Лепавцов почина на 9 март 2008 година во Софија, Бугарија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc