Печатот на Врховниот македонско-одрински комитет.

Александар Конев

Александар Конев е роден на 15 февруари 1867 година во Прилеп. Тој е општественик, просветен деец и револуционер, деец на Врховниот македонско-одрински комитет.

Завршил историја во петтата генерација при Софискиот универзитет, по што се населил во Татар Пазарџик (денес Пазарџик). Во периодот од 1899-1901 година бил учител во градот и бил раководител и диригент на црковниот хор во училиштето. Бил активен учесник и во работата на македонската заедница во Пазарџик и како таков бил делегат на Седмиот (јули-август 1900), Осмиот (април 1901) и Деветтиот македонско-одрински конгрес (јули-август 1901).

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc