Патописот од непознат автор од околу 1826 година.

Патописот од непознат автор

Патописот од непознат автор од околу 1826 година

Авторот на овој патопис е анонимен. Патувал околу 1826 година, а по две години го објавил трудот под наслов „Географски и историски опис на европска Турција по азбучен ред, за да се следат сегашните воени операции“, Париз, 1828.

Овој патопис е откриен во Одделението за раритетни книги во Конгресната библиотека во Вашингтон, со сигнатура 4-DR Тurk 71. Овој патопис е доста значаен за оној, што ја проучува топономијата на Македонија.

Еве како е опишан Прилеп во овој патопис:

„Прелепе или Пирлепе малку наликува на град, населен со 1000 или 1100 семејства мухамеданци и христијани; во Македонија, во подножјето на високите планини, каде има богат рудник на сребро. Тоа е суфраганска епархија на Охрид. Прилеп е под управата на Битола и се наоѓа на 8 милји северно и североисточно од овој град. Тука има Цигани, кои вадат злато од песокот на реките“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc