Патописот на Коста Костиќ

Патописот на Коста Костиќ

Патописот на Коста Костиќ од 1913 година

Коста Костиќ е роден на 15 март 1875 година во сиромашно семејство, од татко Никола Костиќ и Настасија. Посетувал основно училиште во Ниш во 1886 година, а Гимназија во 1895 година во Пирот, каде што неговите родители биле преместени, а Оддел за историја и Филолошки факултет завршил во 1899 година во Белград.

Професорски и општи испит од српската историја и географија положил во јануари 1903 година. Од 15 февруари 1900 година бил поставен во Пирот, прво како професор практикант, а потоа како суплент и, конечно, како професор. Во 1912 година бил префрлен како професор во реалната гимназија во Белград.

За време на Балканските војни бил асистент во главната воена станица во Бела Паланка. На исти должности бил и за време на Првата светска војна, до 1 декември 1914 година, кога се преселил во Пирот и бил назначен како комесар на воената болница. При посетите на болниците и следењето на грижата за ранетите и болните војници, добил пегава треска и за осум дена умрел, на 19 февруари 1915 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc