Патописот на Јохан Хан од 1858 година

Патописот на Јохан Хан од 1858 година

Патописот на Јохан Хан од 1858 година

Јохан Хан (Johan Georg Hahn, 1811-1869) бил германски правник и за време на кралот Отон, во Грција служел во грчкото министерство за правосудство, потоа преминал во австриска дипломатска служба и долги години бил австриски конзул во Јанина и во Сира.

Својот патопис за Прилеп го внесол во делото „Патување од Белград за Солун со 4 расправи за старата историја на подрачјето на Морава од Ј. Г. фон Хан, царско-кралски конзул за источна Грција, ритер на железната круна 3. класа. Второ од царската академија на науките одобрено издание со две карти“, Виена, 1868. Ова дело доживеало повеќе изданија и преводи на други европски јазици.

Во ова дело, Хан оставил многу убави и детални описи на македонската природа и богати статистички податоци за поодделни македонски градови и села. Патописот се чува во Националната библиотека во Париз со сигнатура Ј.18777.

„Прилип се наоѓа на последниот устремен карпест рид од карпестиот венец, во рамницата на Бабуна кон Прилип, кој се разгранил во југозападен правец, од Дрескавец, којшто го образува десниот раб на долината на Прилипска река, и одделен е од овој венец со едно големо заседлување…

…Селото Варош со 70 егзархиски куќи се наоѓа на јужното подножје на ридот со дворецот. Овде, според преданието, се наоѓал стариот град Прилип и дека местото порано било од големо значење, освен повеќето стари цркви и неколку византиски капитоли, сведочат и остатоците од столбови и еден четириаголен постамент, којшто служи како олтар на една црква, што се наоѓа во средината на селото и носи еден византиски натпис…

…Венецот на Бабуна, што се протега точно од Прилип, се нарекува Селсетска планина, и тоа според селото што се наоѓа во неговото подножје, зашто ширењето на името Бабуна по целиот венец е само едно научно помагало. Од другата страна на падината се наоѓа планинското подрачје Мариофце. Тоа брои 19 егзархиски села и во најголемиот дел е населено со дрвари кои скитаат, кои се разбираат во градбата на едноставни пилани, чијашто конструкција има голема сличност со конструкцијата на американските пилани. Нивното најголемо село Дуње, со своите 100 куќи се наоѓа на 4 часа оддалеченост од Прилип; второто по големина Витолице со своите 90 куќи се наоѓа на 6 часа оддалеченост во правец на југоисток од градот…“

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc