Патописот на Јохан Хан од 1863 година

Патописот на Јохан Хан од 1863 година

Патописот на Јохан Хан од 1863 година

Овој патопис на Јохан Хан е второ негово дело, напишано по второто пропатување на Балканот и низ Прилеп.

Втората експедиција Хан ја извел од август 1863 година, и тоа со финансиска помош на Виенската академија на науките за решение на една практична задача, а таа била: Дали двете големи македонски реки, Црни Дрим, која извира од Охридското Езеро и тече по Дебарско, Дуканско, Пулатско и други планински предели до Јадранско Море; и Вардар, можат да се приспособат за по нив да пловат парни бродови.

Резултатите од ова итсражување ги објавил во книгата: „Reise durch die Gebiete des Drin und Wardar im Auftrage der K. K. Akademie der Wissenschaften unternomen im Jahre 1863“, Wien, 1867. Ова дело е преведено и на српски јазик од Михаило Илиќ во 1876 година, со наслов „Путовање кроз Поречину Дрина и Вардара“. Преводот на делото се наоѓа во Универзитетската библиотека во Скопје со сигнатура R II 1127.

Откако го проучил Охридското Езеро, собрал податоци за Преспанското Езеро, па преку Ресен, Битола и Прилеп стигнал во Велес, па со сплав и чамци преку Вардар заминал за Солун.

„…Во Прилип бев на гостување кај влавот Михаил Калогере и ја искористив можноста, овој разумен човек што повеќе да ни раскаже за целосно непознатиот предел мурихово.

За време на мојот прв престој овде во Прилип, успеав да дознаам само толку дека, Мурихово е предел на источната страна на Бабуна и дека допира до долината Чернина и уште дека во него има 19 христијански егзархиски села, од кои најголемиот дел се дрводелци и дунгери, кои насекаде патуваат.

Муриовците се мирни луѓе, кај кои не се знае за разбојништва, за убиства, па дури ни за крадење стока. Раскажуваат дека мажите во повеќето села се толку гостоприемливи, што дури не се чувствителни ниту на својата сопствена жена…“

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc