Патописот на Хаџи Калфа од околу 1650, печатен во Виена во 1812 година.

Патописот на Хаџи Калфа

Патописот на Хаџи Калфа од околу 1650 година

Турскиот историчар, патописец, географ и библиограф од XVII век, познат под името Хаџи Калфа Мустафа или Катиб Челеби, се родил во Истанбул во 1609 година, а починал во родниот град во 1657 година. Автор е на околу 120 научни трудови.

Најпознат и најобемен труд е неговата општа географија под име „Џихан Нума“, каде што користел на само ориентални, туку и европски извори. Деловите, кои се однесуваат на Балканскиот полуостров ги превел од турски на германски јазик ориенталистот Јозеф Хамер под наслов: „Румелија и Босна – географски опис од Мустафа бен Абдула Хаџи Калфа“, Виена 1812 („Rumeli und Bosna geographisch beschrieben von Mustafa ben Abdullah Hadschi Chalfa“, Wien 1812). Ова дело, од германски на српски јазик, е преведено од Стојан Новаковиќ под наслов: „Хаџи Калфа или Ќатиб Челебија, турски географ XVII века о Балканском полуострву“, Београд, 1892.

Еве го кусиот текст, каде што се говори за Прилеп:

„Пирлипе (Перлип, Прилеп), меѓу Скопје, Битола (Монастир) и Велес, се наоѓа на каменлив, гол рид; град кој во 784 (1382-1383) му се предал на Румелискиот Бејлербег Тимурташ. Округот му припаѓа на Прилепскиот кадилак“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc