Патописот на Еспри Мари Кузинери

Патописот на Еспри Мари Кузинери

Патописот на Еспри Мари Кузинери од 1816 година

Еспри Мари Кузинери бил француски дипломат, патописец и нумизматичар. Роден е во Марсеј, а починал во Париз во 1833 година. На двапати бил конзул во Солун.

Како познат нумизматичар, успеал да направи богата колекција на античка нумизматика, а дел од монетите ги продавал по кралските музеи по цела Западна Европа. На двапати ја обиколувал Македонија и своите многугодишни белешки ги објавил во две големи книги под наслов: „Патување по Македонија со истражување на историјата, географијата и старините на оваа земја“. трудот го објавил во Париз во 1831 година. Еве го кусиот текст, во кој се говори за Прилеп во неговиот патопис:

„…Желбата да го разгледам таквото убаво плато ме натера да го искористам заминувањето на еден карван со солунски трговци, коишто одеа на панаѓурот во Перлепе, мал пограничен град на Македонија, од онаа страна на планината Бермиус, меѓу Дрим и Аксиус, на чијашто територија се наоѓаат изворите на Еригон.
Овој карван обично тргнува по најкусиот пат, врвејќи нагоре по Аксиус до Градиска, ја минува реката на тоа место, достигнува до Демир Капи, каде што тече еригон, којшто се минува низ премин, но чие минување е многу опасно…“

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc