Патописот на Едвард Браун...

Патописот на Едвард Браун

Патописот на Едвард Браун од 1669 година

Едврад Браун бил син на познат англиски писател. Роиден е во Норвич во 1644 година. Завршил медицински студии во Кембриџ, а потоа се посветил во изучување на медицината, анатомијата и ботаниката. Докторирал на медицина и бил избран за член на Англиското кралско учено друштво.

Во 1668 година тргнал на пат по Европска Турција, стигнувајќи на југ до Лариса. По Балканскиот полуостров патувал во втората половина на 1669 година. Тргнал на 6 септември од Белград, на 27 септември пристигнал во Лариса, каде што го посетил султанот, а на 8 октомври пак се вратил во Белград. Значи, неговото патување од Белград до Лариса и назад траело еден месец.

Патописот на Браун првпат бил објавен во 1673 година под наслов: „A brief account of some travels in divers parts of Europe viz Hungaria, Servia, Bulgaria, Macedonia, Thessaly, Austria, Styria, Carinthia, Carniola, and Friuli : through a great part of Germany, and the Low-Countries : through Marca Trevisana, and Lombardy on both sides of the Po : with some observations on the gold, silver, copper, quick-silver mines, and the baths and mineral waters in those parts : as also, the description of many antiquities, habits, fortifications and remarkable places / by Edward Brown“, London, 1673. Оваа книга се чува во Националната библиотека во Париз под сигнатура G.3560.

„Од Larisse, каде што се наоѓаше султанот, тргнавме по патот за Isbar (селото Извор) и стигнавме во Pyrlipe (Прилеп), откако поминавме преку високите прилепски планини во Македонија, кои светеа како сребро, слично на оние од Clissura (Клисура), каде што има момирок и каде би можело да има и богати метали. Карпите, кои се на оваа планина, се најнепреодни за патниците и никаде не сум сретнал такви. Камењата се натрупани едни врз други, без да има малку земја околу. Исто така, на врвот на една друга планина, се гледа тврдина, која била изградена од Marko Crollowitz (Крал Марко), некогаш мошне прочуен човек во овие краишта“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc