Патописот на Димитар Мишев.

Патописот на Димитар Мишев

Патописот на Димитар Мишев од 1905 година

Димитар Мишев Димитров, со псевдоним Бранков, бил бугарски книжевник, публицист и политичар, долгогодишен секретар на Бугарската егзархија и активен член на Бугарската академија на науките.

„La Macédoine et sa Population Chrétienne“ (во превод на македонски: „Македонија и нејзиното христијанско население“) e книга отпечатена на француски јазик во 1905 година во Париз.

Книгата-патопис претставува детален статистички опис на селата во Македонија, која тогаш била под османлиска власт, со податоци за бројот, етничката и конфесионалната припадност на христијанското население, како и за националните одредници на христијанските училишта (бугарски, грчки, српски или влашки, во зависност од кого биле асимилирани), со бројот на учителите и учениците во нив.

„La Macédoine et sa Population Chrétienne“ е втората сеопфатна пробугарска шовинистичка статистика на населението во Македонија, по фундаменталниот пробугарски труд на Васил К’нчов „Македонија: Етнографија и статистика“, кој бил објавен во 1900 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc