Патописот на Ами Буе

Патописот на Ами Буе

Патописот на Ами Буе од 1836-1838 година

Ами Буе потекнува од старо француско емигрантско семејство и од Хугенотите. Роден е во Хамбург во 1794 година, а потоа живеел во Бордо. Татко му бил голем поморски трговец. Буе станал и доктор по медицински науки. Меѓутоа, покажал интерес кон геологијата.

Буе бил геолог, лекар и полиглот. Говорел турски, албански, грчки и српски јазик. Тој бил голем ерудит. Неговите патописни белешки полни се со податоци од геологијата, минералогијата, географијата, орографијата, ботаниката, економиката, историјата, религијата, лингвистиката и од духовниот и социјалниот живот на локалните жители на Балканот.

Буе има објавено околу 200 научни трудови, од кои најголем дел се патописи од Балканот. Негов најголем и најзначаен патопис е патописот по Европска Турција, аго носи насловот: „Патописи по Европејска Турција, географски, топографски и статистички податоци за ова царство од Ами Буе, доктор по медицина, почесен член на Научното друштво од Харлем, на Географското друштво од Корнуј, на Друштвото по физика од Женева, на Чешкиот музеј од Прага, на Геолошкото австриско друштво од Грац и тн. Том први, Виена, 1854“.

Еве кус извадок од патописот, во кој се говори за Прилеп:

„Спуштањето кон Прилеп беше благо, а земјиштето беше црно, избраздено и голо. На четврт час од гребенот наидовме на селата Ореовац и Линишта… Прилеп е отворен град, има 6000-7000 души и лежи во рамнина, сред една долина долга повеќе од 2 милји, а широка една милја. Овде тече малата река Кандрису, во која се фрлаат сите ѓубриња од Прилеп. Градот е населен со егзархисти и од мал број на Срби и Цинцари и има доста голем пазар. Бевме сместени кај еден поп, чија куќа беше многу чиста, со двор, чешма и градина…“

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc