Бистра Цветкова: „Француски патописи за Македонија“. Тука е поместен патописот од Кошеле.

Патописот на Адриен Луј Кошеле

Патописот на Адриен Луј Кошеле од 1809 година

Адриен Луј Кошеле бил роден во градот Шарлевил во Ардените, во 1878 година, во богато семејство. За време на конзулството бил на високи должности. По доаѓањето на Бурбоните, тој бил суспендиран. Започнал со трговија и патувал низ Северна Европа.

Овој патопис е изработен според податоците, кои ги собрал кога вршел интендантска служба во Илирија во 1809 година. Оваа маршрута требало да им користи на француските курири, кои се движеле по Балканскиот полуостров, заради воени дејствија.

Овдешниот извоадок од патописот е преземен од Бистра Цветкова, која го работела според „Itineraire de Raguse a Constantinopole communique par M. Cochelet“, Billetin de la Societe de geographie, 3 serie, Tome I, Paris, 1844.

За Прилеп е напишано многу малку:

„11-ти премин: Од Петоља или Монастир до Прилипо во Македонија – планински пат. Градот, што обично го нарекуваат Перлепе, сместен е на малечка река. Растојание има 8 француски левги.

12-ти премин: Од Прилипо до Ќупрули во Македонија, патот е тежок…“

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc