(1) 2011: Споменик на Александар Македонски во паркот пред општинската зграда...

Македонија: Сончевиот град Прилеп

„Македонија: Сончевиот град Прилеп е патепис на Виктор Александрович Каминскиј од украинскиот град Одеса, кој во 2011 година го посетил градот Прилеп

„Сега јас ќе ви раскажам за една земја, каде што најверојатно се најниските цени во цела Европа, за градот, во кој нема јавен превоз, каде што скоро сите се невработени и каде пивото е поевтино од водата и млекото.

Ние конечно пристигнавме во градот-херој Прилеп. Најверојатно, јас никогаш не би дознал дека постои таков град, ако не учев на Универзитет со еден негов жител пет години заедно во иста клупа. Во тие долги години дружба, јас, се разбира, се наслушав многу интересни нешта за Македонија, а особено многу и за Прилеп.

Сега, откако поминаа две години од дипломирањето, јас конечно сум во можност да го одржам ветувањето и да дојдам во татковината на мојот другар.

Од моја гледна точка, можам да речам дека ја запознав земјата и многу нови места, но правејќи го тоа со некој од локалните жители е многу поразлично искуство и кај мене постоеше т.н. чувство на „речиси како дома“.

Прилеп е мал град со население од околу 60.000 луѓе, вклучувајќи ги и селата. За време на војната, била воспоставена бугарската администрација (Бугарија како сојузник на Германија добила повеќе територии на Балканот), против која успешно се бореле локалните партизани и поради тоа градот од страна на Маршалот Тито добил титула на народен херој (слично на нашите градови херои).

Централниот плоштад

На централниот плоштад се наоѓа споменикот на Александар Велики, на кој е преставена територијата на некогаш моќната Македонската Империја. Тука, во близина, е градското собрание каде се вее државното знаме и други помали споменици на локалните дејци. Еден од нив многу ми наликуваше на Ленин (1, 2, 3, 4, 5).

Пешачката зона

Пешачката зона е поплочена со мермер, кој се ископува во близина на градот. Тука има три малечки паралелно поставени улички на кои се наредени локалните кафулиња и бутици, како и во повеќето стари градови. И покрај слабата економија, сè е многу добро се одржано, чисто и културно. Според мојот пријател, градот го сменал ликот неодамна, во последните три години. Местото не е туристичко, но понекогаш запираат бугарски, грчки и српски туристи, кои се на поминување. Единствениот голем настан во градот е Фестивалот на пивото во јули, кога градот градот доаѓаат над 50.000 луѓе од целата земја (6, 7, 8, 9, 10, 11).

Албанскиот конфликт и опожарената џамијата

Тука, во центарот се наоѓа разурната џамија (12, 13). Во 2001 година избувнал воен конфликт помеѓу Албанците и локалното население. Војната се чувствувала во целата земја. И покрај фактот дека во Прилеп 99% од населението се Македонци, овој град, исто така, не успеа да избега од крвопролевање. Таа година загинаа 11 прилепчани. Гневот луѓето го искажаа со нереди, во кои локалната џамија изгоре до темел. Овде локалното население минарињата ги нарекува „ракети“.

Веќе 10 години, оваа џамија стои тука како потсетник на тие тажни настани. Во градот речиси и да нема Албанци, така да нема потреба од нејзино обновување, но одлуката за уривање на џамијата може да доведе до нови немири во земјата.

На Македонците кои загинаа во конфликтот им е подигнат споменик, кој кон небото фрла сноп на светлина (14).

Економија и цени

Порано, во деновите на единствена Југославија, низ целата земја работеле мноштво претпријатија. Сега, претпријатијата во повеќето од овие земји и региони претрпија уништување и комплетен пад во производството и економијата. Македонија и без тоа не беше напредна република во поранешната Југославија, а сега економската ситуација е уште полоша. Во градот фукционираат две големи фирми. Тука е големата пиварница, која ги произведува брендовите на пиво „Златен даб“ и „Крали Марко“ и полни сокови по лиценца на Pepsi, како и фабриката Витаминка, која произведува главно кондиторски производи, како и на сите видови на зачини и сосови. Многумина не се вработени, и затоа центарот на градот е секогаш исполнет со млади, но и со луѓе кои само доаѓаат на муабет и кафе во кафулињата, кои исто така, секогаш се преполни до последно место.

Но, поради големиот број на кафулиња во градот, не е никаков проблем да се резервира место. Еве, на пример, неодамна се отвори ова гламурозно место (15). Се пијат две врсти на пиво – локалното и тоа од метрополата Скопје, како и чај и кафе. Ништо повеќе, тоа е вистината…

Скоро на секаде, момчиња и девојки, возрасни и деца, сите пијат само пиво. Кога ние конечно најдовме ресторан да јадеме нешто, откривме дека пивото во градот е поевтино од минералната вода, сокот, па дури и од млекото, а цените во продавниците само го потврдија тоа. Од она што најмногу сум задоволен во Македонија, тоа се цените за храна и облека. Овде настапил некој вид на комунизам во цените. Оброк за двајца: салати, топли јадења, месо, десерт плус пијалок ќе ве чини максимум од 5 долари по лице. И сето тоа е свежо, природно, локално и многу вкусно!

Поради свои потреби прошетав и по продавниците, каде што сите стоки се главно турски, со неколку локални исклучоци. Цените се смешни – 5 до 15 долари (долго време не сум бил во Турција, но во основа цените се како таму), а квалитетот е во соодност на цените (16, 17). Наспроти овој празник на дарежливост, релативно се високите цени на бензинот. На бензинска пумпа од Лукоил, цената на еден литар бензин од околу 1,35 евра.

По ова, можете слободно да престанете да им верувате на сите оние, кои велат дека во нашата земја треба да се зголемат цените на основните продукти во однос на порастот на цените на горивата. Тука живеат луѓе со европските цени на бензинот, со разумни цени за храна и облека и со плати кои не се разликуваат премногу од просечните украински или руски плати.

Македонија одамна ги исполнила сите барања на ЕУ и ќе беше влезена во ЕУ, доколку не беше Грција, која години наназад го блокира влезот на Македонија во Европската унија. А, причината е повеќе од глупава и целата работа е во името на земјата.
Грција смета дека „Македонија“ е историското име на областа во северниот дел на нивната земја, а Македонците се сметаат себеси како посебна нација и одбиваат да го сменат името на својата земја. Патем официјалното име на Македонија е „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

Но, за политичките интриги во друга тема, доволен е фактот дека македонските граѓани можат да патуваат слободно во сите земји на ЕУ, што му дава шанса на луѓето да најдат подобар живот.

Патем, Македонците се многу патриотски народ…

Мислев дека патриотизмот нема да го сретнам подалеку од мојата земја, но Македонија беше единствената земја од сите што сум го видел, каде што патриотите се апсолутно мнозинство меѓу локалните жители. И покрај сите проблеми од секојдневниот живот, речиси сите го задржале борбениот оптимизам.

Прошетка низ градот

Како што реков претходно, овде не постои јавен превоз, но постојат голем број на такси возачи со малку постари автомобили. Додека шетаме, насекаде низ градот налетуваме на реклами за локалното пиво Златен Даб (18) и една за Пепси, во духот на победениот социјализам (19). Прилеп може пешки да се прошета за околу половина час (барем централниот дел) (20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 30, 31). Многу е интересно тоа што центарот на градот е покриен со бесплатен Wi-Fi, со добра брзина што воопшто не е лошо за внатрешноста на една сиромашна земја (29). Генерално земено, Прилеп остави кај мене многу пријатно чувство на успан провинцијален град, недопрен од туристите и со пријателски луѓе. Можеби ова место не е во интерес за туристите, но дава многу реална слика на животот од луѓето во Македонија.“

Преземено од http://travelodessa.livejournal.com/

5 коментари

  • Aleksandar May 27, 2013

    ne zna kako ste dosle do ovaa statija no bas mi e drago sto ste ja objavile!!!!

    Respond
  • Aleksandar May 27, 2013

    imeto na avtorot e Kaminskij Viktor Aleksandrovic!!!

    Respond
  • Gjorgji May 27, 2013

    Imeto na nepoznatiot avtor e Kaminskij Viktor Aleksandrovic, inace drugar na mojot brat.

    Respond
  • Viktor May 28, 2013

    Hello everybody!
    I was very glad to visit Prilep and Macedonia, it is a wonderful town and thanks to my friend Aleksandar Georgioski, that showed me this country. Hope to return back one day

    Respond
  • PSF May 28, 2013

    Ви благодариме за информациите…
    Претпоставував дека брзо ќе дојдеме до името на авторот бидејќи другарувал со наш сограѓанец :)
    Инаку се надевам дека Виктор не се лути за тоа што го објавивме неговиот патепис… :)
    Поздрав

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc