Патописот на архимандрит Антонин Капустин.

Патописот на архимандрит Антонин Капустин

Патописот на архимандрит Антонин Капустин од 1865 година

Архимандритот Антонин (во светот Андреј Иванович Капустин) роден е на 12 август 1817 година во селото Батурино, Шадрински округ во Пермската губернија, а починал на 24 март 1894 година во Ерусалим. Тој бил свештеннослужител во Руската Православна Црква, научник-византолог и началник на Руската Духовна Миссија во Светата земја (1865—1894).

Во 1865 година пропатувал низ Балканските земји. Своите забелешки од патешествието ги објавил во две книги при Руското археолошко друштво, под наслов: „Из Румелии“ (1886) и „Поездка в Румелию“ (1879). Во овие книги се наоѓаат доста интересни податоци за старините во Прилепската околина, како и за старите прилепски цркви и манастири.

Овие патописни белешки подоцна ги превел и на српски јазик Стојан Новаковиќ.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc