Црква „Пресвета Богородица“, село Бела Црква
Според написот на влезната врата, црквата е изградена 1878 година, но најверојатно тоа е годината на реновирање, кога е изработен вториот слој на фрескоживописот. Црквата претставува еднокорабна градба, засведена, која завршува со полукружна апсида на источната страна. Во темелите од старата црква се вградени мермерни и камени плочи со грчки натписи, носени од бучинското кале, кои датираат од римскиот период.
Коментирај