Свечено полагање на пионерска заклетва...

Титови пионери

Сојузот на пионери на Југославија беше пионерска организација која ги опфаќаше децата во сите основни училишта во СФР Југославија.
Сојузот е создаден на 27 декември 1942 година за време на НОБ, од страна на Комунистичката партија на Југославија, по углед на советската пионерска организација.
Чест синоним за оваа организација бил „Титови пионери“.

Во текот на својот развој, организацијата била во состав на следните структури:
- УСАОЈ (Обединетиот сојуз на антифашистичката младина на Југославија)
- СКОЈ (Сојуз на комунистичката младина на Југославија)
- ССОЈ (Сојуз на социјалистичката младина на Југославија)

Сојузот на пионери на Југославија го издавале весниците „Мале новине“ и „Пионерске новине“, а сојузот на пионери на НР Македонија го издавал весникот „Пионерски весник“
Организацијата била поделена во две групи, млади пионери (7 до 11 години) и постари пионири (11 до 15 години).

Прием на нови чланови се вршел во прво одделение, за време на свеченоста за Денот на Републиката на 29 ноември. Во тој ден учениците даваа „пионерска заклетва“ со што добиваа пионерска униформа: Капа „титовка“ со црвена петокрака и црвена марама.

Пионерската заклетва:

„Денес кога станувам пионер
давам чесен пионерски збор
дека ќе учам и работам,
ќе ги почитувам родителите и постарите
и ќе бидам верен и искрен другар,
кој го држи дадениот збор.

Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија
дека ќе го развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито
дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
кои сакаат слобода и мир“

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc