8 септември 1991: Градоначалникот Илија Димоски - Шаторот гласа на референдумот за независна Македонија

Референдум 91′ – Општина Прилеп

Референдум 91′ – Општина Прилеп

ПРЕДВЕЧЕРИЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА…

Согледувајќи ја состојбата во Југославија првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвоил Декларацијата за независност на 25 јануари 1991 година. По што следува и одлука за распишување на референдум на 8 септември 1991. По долги и мачни преговори во Македонскиот парламент, парламентарците донесуваат одлука на референдумот да се постави прашањето:

„Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“

Формално волјата на народот за самостојна држава била потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

РЕЗУЛТАТИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.807 регистрирани гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85%, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,26% (односно 72,16% од вкупниот број на граѓани со право на глас).

РЕФЕРЕНДУМОТ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП

Гласањето било извршено во 162 гласачки одбори, од кои 65 во град Прилеп а 95 гласачки одбори во околните населени места.
Во избирачките списоци на општина Прилеп биле запишани 71.146 гласачи од кои гласале 63.921 (90%).

Позитивно се изјасниле 62.752 (99%), 594 против (0.45%) и 608 (0.55%) гласови биле неважечки

 

ПОСТОТ Е ВО ИЗРАБОТКА…

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc