1967: Кирил Бисеркоски

Кирил Бисеркоски

Кирил Бисеркоски е роден на 20 декември 1932 година во Варош.
По завршувањето на средното Тутунско училиште во Прилеп се запишува на Земјоделско – шумарскиот факултет во Скопје каде што дипломира во 1955 година.
Работел во Околискиот здружен сојуз како потпретседател на прилепското подрачје.
Од 1961 до 1965 година е претседател на Општинското собрание на прилепската општина по што е избран за директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп.

Во 1956 година станува член на Сојузот на комунистите на Југославија.
Бил член на Околискиот комитет, член на Општинскиот комитет во Прилеп, член на главниот одбор на ССРНМ и член на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија.

29 декември 1967 година
„Народен Глас“

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc