Годините на Втората светска војна: Младинци на планинарење...

Планинарство

Планинарството за човекот во денешно време е најздрава физичка активност, која се одвива во природа.

Планинарењето претставува релаксација од психичките напори, што човекот ги доживува на работното место и градските бучави, предизвикани со брзото темпо на животот. Човек да се занимава со планинарење, значи да се запознаат убавините на татковината, да се збогатуваат чувствата…

Истовремено од човекот тоа бара и одредени напори, кои не претставуваат опасност за организмот, ако се во разумни граници.

Да се планинари може на повеќе начини…

Тоа може да биде планинарење во поблиската околина, како рекреација и без поголеми амбиции, односно, излетничко планинарење. Излетничкото планинарење не бара големи подготовки и е достапно за секој човек и секоја возраст. Тоа се излети во близина на градот, обично некои излетнички места каде што постојат прифатилишта, одмаралишта или хотели. Овој начин на планинарење не бара некои искуства. Важни се само облеката и обувките, кои треба да овозможуваат слободни движења. Излетниците се движат по планинарски патеки, кои обично се обележани и означени со патокази.

Нема Коментари

Коментирај