Првиот број на „Стремеж“...

„Стремеж“

„Стремеж“

Првиот број на „Стремеж“, списанието за литературни, културни и општествени прашања, излезен во февруари 1954 година. Прв издавач на „Стремеж“ е Органот на Клубот на млади писатели од Прилеп. Неговото појавување било резултат на „големиот вриеж на млади сили што работат на полето на литературата“ во Прилеп.

Првиот редакциски колегиум го сочинувале: Ѓорѓи Костоски, Лидија Ежова, Ѓоре Напески, Ристо Лозаноски и Методија Галески. Првиот број на „Стремеж“ е печатен во печатницата „Гоце Делчев“ во Скопје во тираж од 1000 примероци.

Во 1962 година Ѓоре Напески е добитник на Трето Ноемвриската награда на Општина Прилеп, како главен уредник на списанието „Стремеж”, за соработка и уредување на оваа публикација.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc