„Прилеп“...

Прилепски времеплов

Прилепски времеплов

Во оваа галерија поместени се насловните страни од книгите, во кои се говори за нашиот град низ разни периоди од минатото. Многу патеписци поминале низ Прилеп, многу разни војски го пустошеле нашиот град, многу туѓи историчари ја пишувале нашата историја, онака, како ним што им одговарало. Бугарите си пишувале дека сме Бугари, Србите си фантазирале дека сме Срби, ама и едните и другите си отишле од каде што дошле…

По Втората светска војна, Македонија постанува слободно парче земја, во границите на тогашната СФРЈ. Во 1991 година Република Македонија постанува самостојна држава. И во овие два периоди, напишани се повеќе книги за нашиот град, чии насловни страници се презентирани тука.

Прилепчанецот си останал свој на своето. Затоа, без да имаме замерки кон било кој автор, да не ги заборавиме книгите за нашиот град, туку низ овој приказ да знаеме кој пишувал за нас и нашиот град.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc