Прилепската плоча од 1002 година...

Прилепски ракописи

Прилепски ракописи

Манастирот Трескавец со храмот посветен на Пресвета Богородица, основан е во XIII век и во него како значаен книжевен центар се пишувале и подвезувале ракописни книги. На тој начин, создадена е богата ракописна збирка, којашто со текот на времето е разграбена од разни посетители и колекционери на стари словенски ракописи. Такви биле: А. Катусин, В. Григорович, А. Гиљфердинг и други. Кога во 1854 година Јордан Х. К. Џинот го посетил овој манастир, забележал дека во манастирот Трескавец имало дваесет товари ракописни книги.

Во 1865 година регистрирани се 15 вредни словенски ракописи, од кои позначајни се: „Ракописно евангелие“ од 16 век (Софија) од манастирот Слепче; „Печатен псалтир“ од 1677 година (Загреб) манастир Слепче; „Три словенски ракописи“ од 15 век - „Свети Архангел Варош“ и „Посен триод“ од 15 век (Софија) „Свети Атанас Житоше“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc