Песни од Прилепско

Песни од Прилепско

МАРКОВО ИСПОВЕДВАЊЕ

Поболил се Марка Кралевике,
Што си лежал токму три години,
От ништо си иљач не наожал.
И му рече негва стара мајка:
„Ајти Марко, ајти синко миле!
Не си болен, синко, от господа,
Тук си болен, синко, от греои,
Да ти викна попој, дуовници,
Лепо да се синко изповедвиш,
Да си кажиш твоите греои.”
Што си викна до девет попои,
И попои Марко-му велее:
„Кажи, Марко, твоите греои!”
Тога вели Марко Кралевике:
„А егиди попој, дуовници!
Ја си има големи греои;
На праина луѓе сум загубил,
Многу мајки ја сум си изгорил;
Ама еден греф с’ имам најголем.
Кога појдов во Арапска земја
Се биефме со црни Арапи,
Арапите беа покотии,
Мие тие си и наделифме.
Бог је убил една стара баба,
Што голема марифет им каза;
Извадое нивни остри сабји,
И поземи ни и наредие,
Исеквее о’т коњи китици,
‘Сем јунаци живи не фатие,
Не фрлие во темна з’ндана.
Кој си умре, кого го пуштие;
Ја си лежаф за девет години,
Ја не знаеф, ни лето, ни зима.
Цар имаше една мила керка,
Мила керка Арапска девојка;
Кога беше лете со цвекина,
Ми даваше п’ една киска цвеке,
Ми велеше Арапска девојка:
„На ти Марко и ти да разбериш,
От’ је сега лето со цвекиња!”
Кога беше зима со снегои,
Ми дааше грутка снегоита:
„На ти Марко сега да разбериш,
От’ је сега зима со снегои.”
Се почудиф тога што да чина,
Как’ д’ излезам от темна з’ндана.
Је измамиф Арапска девојка:
„Извади ме Арапске девојке!
Извади ме от темна з’ндана,
Ке те земам за млада невеста.”
Се измами Арапска девојка,
Ме изваде от темна з’ндана,
Кога беше царот на лоење,
На лоење во гopa зелена;
Та си зеде до три добри коњи,
И си зеде три тоари азно.
Си ја качиф зад себе на коња;
Побегнафме во Прилепско поле.
Се застоиф на крај бела чешма,
Да пиеме една студна вода.
Се опулиф в Арапска девојка,
Кога видоф пусто лице црно,
Лице црно, пусти з’би бели,
И ми дојде грозно и неарно;
Тргнаф сабја је пресекоф глаа.
Тие ми се големи греои.
Кешке неа да је не загубеф,
До донесеф во мојава куќа,
При мојава стара мила мајка,
Да је држеф како мила сестра,
Ке је најдеф другар спроти неа,
Да не стореф големи греои.
Ја не знаеф во темна з’ндана,
Ни кога ми с’нце угрјевјаше,
Нито с’нце, нито месечина,
Јас не знаеф, ни зима, ни лето;
Таја мене дома ме донесе,
А ја неа на п’т је загубиф.
Тие ми се моите греои.”
Си станае деветте попои,
Му пеае свети вангелиа,
Му пеае простени молитви,
Го пеае три дни и три ноке;
Го фатило Марко сон да спиет.
Кога от сон ми се разбудило,
Малу стана колку да си седнит;
По малу си Марко оздраило.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc