Александар Филиповски: Портрет на Блаже Конески (1985 г.)

Опусот на Блаже Конески

Опусот на Блаже Конески

Вангел

Заради таквите луѓе
сонцето и нас не` грее.
Зборот ми е за Вангела
од Варошко маало.
Никој како него не е.
Двете тополчиња ги паметите
кај Средочна` вода на Маркукуле?
Како дете
што капинки таму сум јадел!
И вие може сте чуле,
а мене не ме зачуди
кога разбрав
дека тие две тополчиња
некогаш
не некој друг
ами пак Вангел ги садел.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc