Благоја Спиркоски - Џумерко

Благоја Спиркоски – Џумерко: Едно рало гајчи

„Едно рало гајчи“ колумна на актерот Благоја Спиркоски-Џумерко

„Едно сабајле, дури живеев на Димо Нареднико, во сабота немав обврски в театар, се истуширав за да одам на пазар. Жена ми Кица, нормално, ко жена домајќинка, ми даде преслека.

Мори Кицоо!! Некој поасолни гајчи немам?? Е оти, на тие шо му фали? Кицо, не му фали ништо, но дали имам понови гајчи?? Немаш! Па добро бе, мајка му стара, дали можи еден уметник ко мене да носи нови гајчи? Можи Џумерко, ако си купиш… Карши градска отворија нова продавница Центропромет, појди, земи гајчи.

Отидов в продавница, само шо влегов дојдоја две продавачки и едната ме прашува: Со што да ве услужиме? Јас прашав, дали имате женски гајчи? Имаме! Е па, со здравје да си ги носите, и си излегов не купив гајчи, ама во вторнико пак појдов во истата продавница, само шо влегов двете продавачки ги завртија глајте, не ми рекоја ни добар ден. Ја свикав шефицата и ја прашувам: машки гајчи имате? И едната од продавачките и вели на шефицата, шефице не му одговарај, минатио пат не праша дали имате женски гајчи и ни рече со здравје да сме ги носеле гајчите. Јас ви се извинувам, ама сега вистина ми треба машки гајчи, шефицата се насмеј дискретно и ми вели: имаме Џумерко паковани се по 6 и се многу квалитетни и ефтини. Добро, распаковај и дај едно рало да ги пробам. Извини глумец, како можи гајчи да се проба? Абе шефице, исто како шо се проба и костум, че влезам таму и че ги пробам гајчите. Очигледно шефицата беше поакикатна и ми вика вака: еве ти ги шесте рала, земи ги дома, немој да ги плајчаш, ако ти се точни че се вратиш утре-други ден и че ги платиш.

Ги зедов гајчите, го облеков едното рало ми беше точно, ко виде жената ми, абе вика, овие ко че се испера че се стесна да ги вратиш да земиш поголеми.

Другиот ден отидов в продавница и ги врајчам на шефицата петте рала гајчи. Шефице, овие ми се мали,а шефицата ме прашува: а зошто врајчаш пет? Па, едното рало ми е облечено на мене! Па кога ти е облечено, значи ти се точни гајчите. Во право си шефице, ама ако постојме уште 5-6 минути, па и ако те ватам за рака, одма че ми се стесна гајчите. Шефицата слатко се изнасмеја, а јас останав со едно рало гајчи…“

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc