Георгиј Акрополит: „Хроника“

Георгиj Акрополит

Георгиj Акрополит бил управител на Прилеп и на целата област околу градот.

По распадот на Византиското царство на Балканот и во Мала Азија, никнале неколку мали државички, од кои некои не останале долго време самостојни, а некои почнале да се шират и зајакнуваат.

Во тој правец најмногу се развивало Никејското царство, особено во времето на царот Ватац, кој успеал да заграби земји и во Западна Македонија, каде што неговите освојувачки интереси се судриле со интересите на епирската, бугарската и српската држава.
За време на неговиот наследник Тодор II Ласкар (1254-1258), градот Прилеп се наоѓал под Никејска власт. Бидејќи во тоа време градот претставувал важен административен и стратешки центар, императорот го назначил за управител на Прилеп токму познатиот никејски историчар – Георгиј Акрополит.

Георгиј Акрополит е автор на познатото дело „Хроника“ („Историја“), кое е основен историски извор за Никејското царство.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc