Драги Башески...

Драгољуб Башески

Драги Башески е роден во Прилеп во 1940 година.

Завршил Педагошка академија во Битола и Белград. Пишувал за весниците: Народен Глас, Вечер, Нова Македонија, Белградски фудбал, Слободна Далмација, Титоградска победа, Скок и Македонски спорт.

Башески соработувал со Радио Прилеп, каде што повеќе години ја уредувал младинската емисија, спортскиот журнал и други емисии од повеќе области. Бил спортски коментатор во Радио Прилеп и на Радио Скопје.

Од 1991 година пишува за спортскиот придонес на Методија Андонов-Ченто, за што објавил фељтон во спортскиот неделник Скок. Објавил повеќе публикации во кои пишувал за Панде Чесноска, Душан Герамитчиоски и Даниел Алексоски.

Негови дела: сатирично-хумористичната книга „Прапорчиња“, „Панде Чесноска“, монографијата „Перото на прилепските новинари“, „Родот Башевци од Варош“, „Предадени“.

Се занимава со цртање на карикатури со молив, хемиски налив и туш. Има приредено повеќе изложби на карикатури од сите сфери на секојдневието, опшествениот живот, политиката и спортот.

3 коментари

  • NataliB. August 9, 2012

    Avtobiografijata na Dragi – Dragoljub Basheski ne e kompletna od slednive prichini:
    - Ima zavrsheno pedagoshka akademija – BItola;
    - Delot od novinarstovo vo Belgrad;
    - Pishuval za: Naroden glas, Vecher, Nova Makedonija, Belgradski fudbal, Slobodna Dalmacija, Ttiogradska pobjeda, Skok i Makedonski sport;
    - Crta i ima izlozhbi na karikaturi od site sferi na sekojndevnoto zhiveenje: politichari, opshtestvenici, gragjani., invalidi , invalidi sportisti – olimpijci, fudbaleri, rakometari, odbojkari, kosharkari, vaterpolisti, pingo-pongari, strelci, novinari, pisteli, peachi, umetnici i drugi profesii za koi imal i nekolku izlozhbi.

    Respond
    • NataliB. August 9, 2012

      Dragi – Dragoljub Basheski sorabotuval so : Radio Prilep, ja ureduval mladinskata emisija godini na red, sportskiot zhurnal i vodel emisii od poveke oblasti. Bil radio -komentator na branovite na Radio Prilep i na branovite na makedonskoto radio Radio Skopje, za koi informativni kuki vrshel radio prenosi od kvalitetnite sportski natprevari vo: fudbal, rakomet , kosharka i odbojka , a izvestuval i od natprevarite vo: velosipedizam, atletika, strelashtvo, boks, kik boks i drugi sportski natprevari i manifestacii.
      Vo literaturata e poveke od 20 godini, od 1991 godina go istrazhuva sportskiot pridones na prviot pretsedatel na Prezidiumot na RM, na Metodija Andonov – Chento, za shto ima objaveno i feljton vo nedelnikot i dneven vesnik Skok, go istrazhuval i publikuval ubistvoto na prilepchankata Pande Chesnoska, predavstvoto i ubistvoto na Dushan Geramitchioski i Daniel Aleksoski, ja izdal satirischno – humoristichnata kniga “Praporchinja” , fo istrazhuval i publikuval Rodot Basheski od Prilep, ja publikuval monografijata ” Peroto na prilepskite novinari” . Uchestvuval na mnogu promocii od oblasta na literaturata i promoviral dela na makedonski i stranski avtori.

      Respond
      • PSF August 9, 2012

        Претпоставувам дека сте во роднинска врска со Драги Башески па затоа ќе ве замолам ако сте во можност да објавиме и негови фотографии како и од неговите трудови…
        Позз.

        Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc